Витомир Трајковски преплатен на медали – се закити со бронза на Европското првенство

Витомир Трајковски (-84 кг, У-21) се преплати на медали со што ја продолжи традицијата македонските каратисти да освојуваат емедлаи на европските првенства. Трајковски во борбата за бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, го совлада Данил Анисимов (Белгија) 4-4, односно прв освои поен.

Витмоир се реваншира за изгубениот медал на Јовановска. Тој по сребрениот медал од СП, додаде и бронза во својата колекција

Го чекаме настапот на Стефан Стојановиќ.

Резултати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:

-84 кг
Витомир Трајковски – Матео Фиоре (Италија) 2-1
Витомир Трајковски – Жосе Миранда (Португалија) 4-3
Витомир Трајковски – Александар Калабиќ (Хрватска) 4-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Максим Бухаијов (Украина) 1-2
За бронза
Витомир Трајковски – Данил Анисимов (Белгија) 4-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО