Викторија Јовановска е петта на ЕП, не загуби, но не ја освои бронзата

Викторија Јовановска несреќно го изгуби борнзениот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, откако борбата за третото место Мартина Куртеш од Босна и Херцеговина заврши нерешено 3-3. Поради прв освоен медал Куртеш го освои бронзениот медал.

Така, Јовановска (61 кг, У-21) се пласира на петтото место што до сега е најдобар успех на шампионатот на некој македонски каратист.

Да посетиме дека Витомир Трајковски (-84 кг, У-21) и Стефан Стојановиќ ќе се бореат за бронзи нешто подоцна.

На ЕП настапуваат 1136 каратисти од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:

-61 кг
Викторија Јовановска – Фиона Шаедлер (Лихтеншатјн) 8-0
Викторија Јовановска – Марина Осман (Романија) 5-3
Викторија Јовановска – Александра Илановиќ (Унгарија) 6-3
Полуфинале
Викторија Јовановска – Кристина Крисопулу (Грција) 4-7
За бронза
Викторија Јовановска – Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина) 3-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО