Витомир Трајковски пред финалето: Со тренерите ги анализираме слабите точки на противникот и ќе дадам се од себе!

Херојот на македонското карате на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21, Витомир Трајковски, кој денес попладне се бори за шампионската титула во главниот град на Грзуија, Тбилиси, за Ипон.мк вели дека се подготвува тактика за финалето со Еременецот Гор Нерсисјан.

„Патот до финалето не беше лесен, извојував 4 победи против каратисти од Италија, Албанија, неутрален спортист и Босна и Херцеговина“, исткакна Трајковски.

За тоа како ќе биде во финалето со Ерменцот, Витомир вели:

„Се анализира Гор и се подготвува тактика заедно со моите клупски тренери од Макпетрол Бошко и Петар Заборски. Се анализираат неговите борби и се гледа кои му се слаби точки, што работи во напад и одбрана. Со вака подготвена тактика ќе дадам се од себе. Очекувам победа“.

-84 кг
Витомир Трајковски – Давиде Лучијани (Италија) 3-2
Витомир Трајковски – Мелос Гаши (Албанија) 1-0
Витомир Трајковски – Никита Сахвон (неутрален)6-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Салих Халиловиќ (БиХ) 2-1
Финале
Витомир Трајковски – Гор Нерсисјан (Ерменија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО