Витезови Загреб загубија од Црвена Ѕвезда – Скопје во јуни е домаќин на финалниот турнир

Натпреварот од 6. коло од Регионалната бокс лига помеѓу Витезови Загреб и белградска Црвена ѕвезда се одржа во загрепскиот боксерски центар на Саемот, пишува на официјалната веб-страница на ХБС.

Непоразената Црвена звезда со 14-6 го потврди првото место во групата Б, додека Витезите во плеј-офот ќе стартуваат од втората позиција (пред Марибор и Радник од Бјелина).

Завршниот турнир од Регионалната боксерска лига ќе се одржи во јуни во Скопје, а загрепските Витези во полуфиналето ќе се борат против Лозница (Србија), прва во групата А, додека Звезда ќе боксира против Железничар од Сараево.

Витезите беа ослабени поради откажувањето на Лука и Дамир Плантиќ и повредите на некои боксери.

Витезите го завршија натпреварувањето во групите од Регионалната лига со сооднос 4-2 (две победи над Марибор и Радник од Бјелина), а претрпеа два порази од Црвена звезда – 12-8 во Белград и сега 14-6 во значително ослабен и некомплетен тим.

Во јуни во Скопје во полуфиналето од плејофот на Регионалната боксерска лига ќе боксира против уште еден претставник од Србија – БК Лозница.

Македонија во РБЛ ја претставуваше Вардар, односно репрезентацијата на нашата земја дополнета со дефицитарни боксери од Косово и Србија, и забележа само едн апобеда.

Резултати – РБЛ:
Вардар – Лозница 3-7
Вардар – Будуќност  2-18
Железничар – Вардар 6-14
Вардар – Железничар 14-6
Лозница – Вардар 18-2

ВИТЕЗОВИ ЗАГРЕБ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 6-14
Помлади сениори:
– 69 кг Фабијан Томкиќ (нокаут) – Иван Микетиќ 2-0 (прекин Р2)
+91 кг Елвис Махмутовиќ (Пула арена) – Страхиња Новичиќ 0-2 (поделена одлука 2-3)

Сениори:
-57 кг Никола Хорват (Леонардо) – Лазар Пантиќ 0-2 (едногласна одлука 0-5)
-60 кг Патрик Лицул (Пула) – Сејди Назиф 0-2 (поделена одлука 1-4)
-64 кг Филип Потуровиќ (Нова Градишка) – Немања Гавриловиќ 0-2 (едногласна одлука 0-5)
-69 кг Анди Идризи (нокаут) – Ѓејлан Тоскиќ 0-2 (едногласна одлука 0-5)
-75 кг Петар Павчец (нокаут) – Владимир Губаш 2-0 (едногласно 5-0)
-81 кг – – Алекса Марковиќ 0-2
-91 кг – – Бобан Станојловиќ 0-2
+91 кг Марко Милун (Леонардо) – Милутин Станковиќ 2-0 (прекин Р1)

Фото: ХБС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО