Георги Средков и Давор Петерњак одржуваат курс за тренери и судии во Кочани (ФОТО)  

Во Кочани во тек е курсот за тренерии и судии-ниво 1 кој почна на 2 мај и трае до 9 мај.

Предавачи на курсот се Георги Средков од Бугарија во делот за тренерите и Давор Петерњак од Хрватска во делот за судиите.

Курсот е од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се одржува во хотелот Сити ин, а практичниот во спортска сала „Сашо Лазаров – Чапо“.

Утре ќе се одржи мал турнир во У-17 за да се тестира знаењето на тренетите и судиите. Турнирот ќе почне во 11 часот.

На сите учесници курсот ќе се доделат сертификати на оние кои успешно ги поминале зададените задачи.

Курсот го следи и претседателот на БФРСМ, Дејан Богданов.

Домаќинот БК Спартак се покажа во одлично светло и е застапен со свои учесници, Игор Христов и Гоце Ангелов учествуваaт како судии, Зоран Сребренов и Владо Соколов како тренери и младите кадри, односно борачи Столе Ефтимов и Иван Јанев кои се подготвуваат за идни тренери, а се и соодветно високо образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО