Виталиј Кличко станува дел од Куќата на славните!

vitali-klitschko-face

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Виталиј Кличко, ќе влезе во Меѓународната куќа на славните во делот на боксерските великани, соопшти сајтот на браќата Виталиј и Владимир Кличко од Украина.

 Кличко, постариот, последен пат имаше боксерски меч на 8 септември 2012 година против Мануел Чар. Го победи со нокаут во 4-тата рунда и ја одбрани титулата светски шампион на Светскиот боксерски совет.

 Виталиј Кличко во својата кариера на професионален боксер бил светски шампион во тешка категорија на Светскиот боксерски совет, Светската боксерска организација и верзијата на списанието Ринг. Откако ја прекине кариерата Виталиј Кличко се зафати со политика и од јуни 2014 година е градоначалник на Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО