„ГЛАСАМ ЗА“-АЛЕКСАНДАР КУЗМАНОВСКИ: Ветувам, Македонија ќе освои олимписки карате медал!

Аце и кИчо во АСМ

Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.

Акцијата ја продолжуваме со тренерот на репрезентацијата за јуниори и кадети, која бележи значајни резултати, Александар Кузмановски.

„Еве зошто да гласате „ЗА“! „Карате до“, што значи патот на празната рака… Секој натпреварувач кој е дел од една национална селекција сонува еден ден да застане на најголемиот и најзначаен пиедестал, а тоа е олимпискиот! Нас, како тренери, не ни е тешко ако нивните мисли и желби се веќе насочени кон освојување на олимписки медал. Да се залагаме да ги донесеме до него, тоа е нашата работа. Тој пат може да се изоди до крај, само ако се биде упорен, зашто само упорните успеваат.

Ace kuzmanovski

Каратето е јапонска боречка вештина и 2020 година треба да биде олимписки спорт, како сите спортови кои се дел од една Олимпијада, зашто повеќето од нив произлегле од каратето… Доколку каратето стане олимписки спорт, тогаш каратистите ќе имаат шанса како сите спортисти да учествуваат на Олимпијада, а јас ветувам дека Македонија ќе освои олимписки медал во делот на каратето. Затоа, да дадеме голема подршка на БЕЛИТЕ КИМОНА и најтрофејниот спорт во Македонија, на најдобрата федерација- КФМ, до постигнување и испишување на уште најмалку една страна во македоското карате до историски резултат. Како последните  освојувачи на медали на Европската олимпијада во Баку, нашите Емил Павлов и Мартин Несторовски… П.с. – карате како начин на живот“.

Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО