Витали Кличко за Џошуа: Мускулите не се важни во боксот

Владимир Кличко се среќава со Ентони Џошуа на „Вембли“ во Лондон на 29 април. Украинскиот ветеран ќе се обиде да ја врати круната на светски шампион, откако претрпе изненадувачки пораз од Тајсон Фјури.

Не помалку луѓе веруваат дека младоста на Ентони Џошуа може да се покаже како клучна против стареењето на Кличко. Постариот брат на Украинецот – Витали, сепак, смета дека во случајот интелектот на Владимир ќе му обезбеди успех против Британецот.

„Многу луѓе мислат дека мускулите се важни во боксот. Но тие не се. Сè е тука – во главата“, изјави Кличко.

„Во моментов Владимир е многу фокусиран отколку пред неколку години. Се надевам дека знае оти овој меч е со голем залог и сите очекуваат да видат одлично шоу“.

„Секако дека очекувам добри перформанси од Владимир. И да, се разбира – тој ќе биде победникот на 29 април“.

Кличко ќе се сретне со се уште непобедениот Џошуа пред 90.000 гледачи во Лондон, а тоа е еден од најочекуваните мечеви во последните години во тешка категорија.

„Владимир веќе има солидно искуство во настапите на слични арени. Тој е навикнат да се бори на стадиони. Навикнат е и со тензиите што доаѓаат од публиката. Навикнат е со внимание. Мислам дека за Џошуа тоа ќе биде нешто ново, но за Владимир – далеку не“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО