Мејведер ангажира борец на УФЦ за подготовките за борбата со Мек Грегор

Се чини дека секој ден сме поблиску до бокс мечот помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор.

Исто така, се чини дека Мејведер веќе повлече одредени потези со цел да се подготви за шампионот на УФЦ.

Освен тоа, се разбира,  што ќе се подготвува со боксери, Мани за подготовките го повика и членот во лесна категорија на УФЦ.

Кевин Ли (15-2, 8-2 УФЦ) изјави дека, најверојатно, ќе работи со Мејведер на подготовките за борбата со Ирецот.

https://youtu.be/hZFW_WGKahM

„Борбата со Флојд е ќе се случи. Менаџменот на Флојд  контактираше со мене и ме праша дали би сакал да биде дел од кампот. Возбуден сум поради тоа, а добро ќе ми дојде некој долар во џебот, тоа е сигурно“, изјави 24-годишниот Мотаун Феном кој во моментов е во серија од четири победи.

„Ова е вин-вин ситуација за Мек Грегор a. Ако го изгуби, а ќе изгуби, нема никкави шанси, знае дека влегува во тоа само за заработи пари, а потоа ќе се врати и ќе се бори со Нејт Дијаз или ќе се подигне за една категорија и ќе се бори со Тајрон Вудли, пред повторно да се врати и да се соочи со нас, со вистинските убијци на 70 килограми. Не е глуп, тој знае што прави“.

„Ова е одлична работа за ММА. Кога се ќе се земе во предвид сите добиваат. Се додека УФЦ го добива својот дел. Мислам дека единственото нешто што ја здржува оваа борба се преговорите со УФЦ за нивниот дел, бидејќи сум прилично сигурен дека УФЦ ќе сака третина“.

„Но, тоа е грозно за боксот, нема да лажам. А тие ме плаќаат, така што ми е подобро … но, навистина, тоа е грозно за боксот, мислам дека ова ќе го убие боксот, но парите се премногу големи за да биде отфрлен“.

Ли исто така опиша некои работи кои Мек Грегор може да се обиде да ги направи во борбата.

„Флојд нема да го нокаутира Конор. Конор е многу поголем од него. Очекувам Конор да се обиде да се беси на Мејведер во клинч, да се обиде да го измори. Ако ситуацијата стане пренервозна во седмата, во осмата рунда би можел да се обиде да го удри со лактот. Сигурен сум дека Флојд ќе биде подготви за тоа“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО