Витакер ќе се пензионира кога ќе почне да губи

Поранешниот шампион во средна категорија Роберт Витакер реши да зборува за пензионирањето во ММА. 29-годишниот борец планира да ги остави раквиците кога ќе почне да биде нокаутиран и да губи. „Рипеар“ ја загуби титулата и девет последователни победи на крајот на минатата година, кога Израел Адесања го нокаутира.

Витакер дојде по двете последователни победи над Јоел Ромеро, во кои претрпе голем ќотек. Се покажа дека тој не е истиот борец, но за среќа се опорави и оваа година забележа две последователни победи. Роберт ги победи Дарен Тил и Џаред Канониер и сега се надева на нова шанса за титулата. На еден од последни настапи, Витакер реши да зборува за повлекување од спортот.

„Нема начин да се борам до 40 години. Овој спорт е многу стресен. Постојат борци кои се борат во доцните 30-ти, како и во 40-тите. Спортот никогаш не станува лесен. Секоја битка не станува полесна. Нервите и стресот се секогаш тука.

Не знам зошто овие момци продолжуваат да се борат. Мислам дека ова е лудо. Се водам од тоа како се чувствува моето тело. Кога ќе почнат да ме нокаутираат и да губам, тогаш ќе го ставам своето здравје на прво место. Ќе се пензионирам“, рече Витакер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО