Големи тензии на последното соочување пред настанот УФЦ 287 (ВИДЕО)

Бразилецот Алекс Переира вечерва за прв пат ќе го брани шампионскиот појас во средна категорија на настанот УФЦ 287 во Мајами.

Поатан ќе ја брани титулата против поранешниот шампион и стар познаник Израел Адесања. Минатиот ноември Переира го победи Изи со прекин во петтата рунда.

Во конасловната борба Жилберт Барнс ќе се пресмета со Хорхе Масвидал во меч во полусредна категорија, додека Роб Фонт ќе бори против Адријан Јанез.

Кевин Холанд го чека меч против Сантијаго Понзинибио, додека на главната програма ќе биде отворена со дуелот меѓу Раул Росас Јуниор и Кристијан Родригез, кој не го мина мерењето.

Родригез имал 1,3 килограми повеќе, па дел од неговиот хонорар ќе оди за Росас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО