Бруно Капелоца брзо му врати на Матеус Шефел, нова победа на Лариса Пачеко

Продложи натпреварувањето во ПФЛ лигата. Во главната борба на настанот ПФЛ 2, кој се одржа во салата на хотелот Вирџин во Лас Вегас, Лариса Пачеко ја победи Џулија Бад со едногласна одлука во мечот во перо категорија.

Бразилката продолжи таму каде што застана минатата година кога во финалето ја победи Кајла Харисон.

Во конасловната борба Бразилецот Бруно Капелоца му возврати на сонародникот Матеус Шефел за минатогодишниот пораз, победувајќи го со прекин во првата рунда.

Успешен аматерски настап имаше и внукот на Мухамед Али. Бјаџо Али Валш го победи Исаја Фигуероа со прекин во 102 секунда.

Поранешниот шампион на промоцијата Игл на Хабиб, Ризван Куниев го победи Ренан Фереира со едногласна одлука на судиите.

Резултати од настанот ПФЛ 2:
Лариса Пачеко – Џулија Бад – едногласна одлука (30–27, 29–28, 30–27)
Бруно Капелоца – Матеус Шефел – ТКО (удари), Р1 (2:15)
Олена Колесник – Аспен Лад – мнозинска одлука (28–28, 29–28, 29–28)
Бјаџо Али Волш – Исаја Фигуероа – ТКО (удар), Р1 (1:42)

Воведни борби:
Ризван Куниев – Ренан Фереира – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Морис Грин – Марсело Нунес – ТКО (тупаници),Р 2 (1:20)
Данило Маркес – Јорган Де Кастро – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Амбер Лајброк – Мартина Јиндрова – КО (удар со глава и удари), Р1 (2:19)
Евелин Мартинс – Каролина Собек – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Марина Мохнаткина – Јоко Хигаши – ТКО (тупаници), Р2 (1:29).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО