Вингчунерс со воодушевувачки настап во кинески ресторан (ВИДЕО)

Вингчунерс на 15 декември минатата година по повод  15-годишнината од работењето во нашата земја со својата програма кунг фу – винг чун настапија во автентична атмосфера во кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“ во Скопје.

Иако во импровизирани , меѓу маси во ресторанот, но на татами, претставата и демонстрација на Вингчунерс ги воодушеви присутните и по нивно имаа уште еден настап, овој пат на на горниот кат.

„Така, Вингчунерс порераснува во сериозна демонстрациона тајфа подготвена да настапува и на најголемите будо гала настани“, вели водачот Мирко Тодоровски.

Вингчунерс настапија во следниот состав: Јана Арсова, Михаил Видиновски, Магдалена Михајлова, Николина Михајлова, Александар Арсов, Радан Станковиќ, Владимир Поповски, Горан Бибовски и сифу Мирослав Тодоровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО