Мек Грегор покажа дека победнички е подговен за враќањето (ВИДЕО)

Најголемата ММА ѕвезда на денешницата Конор Мек Грегор во октагонот се враќа по година ипол.

Последен пат Мек Грегор се бореше во октомври 2018 година во Лас Вегас кога загуби со давење од Хабиб Нурмагомедов во четвртата рунда.

Повратничкиот меч е 18 јануари против Доналд Цероне, а се чини дека за тој дуел е поподготвен од кога било.

Неколку дена Конор објавува слики на Инстаграм каде што можете да видите, а објави и видео како вежба на еден од неговите последни тренинзи. Се чини дека се претворил во вистински ѕвер кој е подготвен за победа по повеќе од три години.

Последниот што го победи во најсилната светска организација ММА беше Еди Алварез во ноември 2016 година. Оттогаш одработи само два меча. Еден боксерски против Флојд Мејведер и еден во УФЦ против Хабиб. И во двата меча загуби.

Сепак, се чини дека сега е време да се започне нова победничка низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО