Викторија Варадинова за бронзениот медал од ЕП: И покрај сите препреки, повреди успеав да го освојам

Една од најталентираните македонски кикбоксерки и членкана КБК Шампион од Скопје, Викторија Варадинова, на неодамна завршеното Европско првенство за сениори во Анталија, Турција, го освои бронзениот медал. Тоа е прв медал во сениорска конкуренција за Варадинова.

Викторија по освојувањето на европската бронза сега цели на медал од светско првенство.

Разговаравме за се она што се случуваше на ЕП, чувствата, целите и плановите.

Неодамна на Европското првенство го освои првиот сениорски медал. Колку ти значи бронзениот медал од ЕП?

-Овој медал ми е од посебно значење, затоа што и покрај сите препреки, повреди успеав да го освојам. Во четвртфиналната борба имав противничка од Италија која работи многу поинаков стил од мојот, па на почеток на првата рунда губев 1-2 разлика, но со инструкциите од тренерите, памет и смиреност ја свртев борбата во моја корист, која  на крајот заврши 2-1.

Пред ЕП на социјалните мрежи напиша „сега сум во живтона форма“, демонстрирајќи самоувереност. На што се должеше самоувереноста?

-Секогаш имам самодоверба. Без разлика дали сум подготвена или не. Верувам во своите можности и знаења. Сум била и во многу полоша форма од Европското па пак сум правела резулати. Сигурна бев дека ќе освојам медал.

Дали во полуфиналето можеше повеќе?

-Можеби и можев. Но, отидов само со една цел, а тоа е да освојам заслужен медал. Кога си ја остварив целта и желбата на некој начин се опуштив. Имав ветено на моите најблиски дека без медал не се враќам.

Едно одличје во сениорска конкуренција веќе имаш. Која е следната цел?

-Следна цел по бронзата од ЕП е медал и од светско првенство. Но, не брзам. Полека, да се средат и излечат повредите, па ќе мислиме на поголеми цели.

Како беше пречекана по освојувањето на бронзата?

-На аеродромот ме чекаа момчето, заедно со моето мало куче. Тоа беа единствените личности што сакав да ги видам во тој момент. По целата тензија, километри далеку од дома, напнатост и се останато. Мајка ми ме чекаше дома, тие чувства и емоции и ден-денес не можам да ги опишам.

Кога се наредните настапи?

-Веќе следната година. Се уште не знам, но би требало од февруари да почнат натпреварите.

Резултати Европско првенство:

Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) 2-1
Викторија Варадинова – Николет Мезеи (Унгарија) 0-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON