Викторија Варадинова се закити со бронзен медал на Европското кик бокс првенство

Викторија Варадинова освои бронзен медал Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Варадинова во полуфиналето загуби од унгарската кикбоксерка Николет Мезеи. Ова е голем успех за Викторија и предизвик за поголеми успеси.

Таа имаше голема поддршка од трибините, бидејќи публиката не ги напушта нашите натпреварувачи.

Останува да го проследиме финалниот меч на Бобан Илиоски за златниот медал со Христо Калајџиев од Бугарија.

Резултати Европско првенство:

Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) 2-1
Викторија Варадинова – Николет Мезеи (Унгарија) 0-3

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО