Дарко Чатлески: За боксерите на „Ас” титулата е признание за нивната работа и нивниот труд на тренинзите и во рингот

Прилеп доби екипен  шампион во бокс –БК АС ја освои титулата во Младинската лига на Македонија. Учениците на тренерот Дарко Чатлески беа убедливи и триумфираа уверливо пред конкуренцијата, а вчера во 6.коло само ја потврдија својата супериорност.

Клубот предводен можеби има и најброен боксерски подмладок од кои може да се очекува да израснат во врвни шампиони.

 За визијата на клубот зборувавме со Дарко Чатлески, но прво се осврна на она што се случуваше вчера.

„После освојувањето на титулата прославивме во клубот. Со радост не дочекаа дел од членовите. Горд сум на сите наши членовите затоа што умеат несебично и сплотено да ја споделат радоста меѓу сите нас“.

За прв пат во историјата на клубот освоивте шампионска титула во екипна конкуренција. Беше ли лесно да се стигне до титулата во Младинската бокс лига?

-Да, така е. За прв пат во историјата на клубот и историјата на градот. Прилеп може да се радува на една ваква титула. Не беше воопшто лесно да се стигне до оваа титула. Нашиот клуб макотрпно работеше во текот на изминатава година, се подготвувавме психички, физички и тактички пред секое коло.

Што значи титулата за младите боксери на Ас?

-За боксерите на „Ас” оваа титула е признание за нивната работа, нивниот труд кој го покажаа за време на тренинзите и внатре во рингот. Оваа титула ќе биде поттик за младите боксери да тренираат повеќе за следните натпреварувања на кои ќе учествуваат.

Како клуб на сите натпревари во Лигата настапувавте со најмногу боксери. На што се должи тоа?

-Тоа се должи на активноста на клубот и спортскиот дух кој се движи меѓу жителите на градот Прилеп.

Дали ова ќе биде поттик и за добри сениорски резултати?

-Многу млади боксери од оваа Младинска лига во следната сезона влегуваат во конкуренцијата од Првата лига. Ако продолжат со вакви настапи во следната сезона Боксерскиот клуб Ас ќе биде закана и за Првата лига во (сениорска конкуренција).

Кои се следните настапи?

-Со завршувањето на оваа сезона, завршија и настапите за годинава. Така што не можеме да кажеме кои се нашите следни настапи. Ни останува само да чекаме и да се спремаме за настапи кои ќе не проследат следната година.

Какви се Вашите очекувања од оваа млада генерација?

-Во оваа млада генерација можам да забележам светла иднина. Нивната напорна работа пополека започнува да се запечатува со успеси и резултати на државно ниво. Доказ за тоа е освојувањето на еден златен, четири сребрени и три бронзени медали на поединечното Државно првенство во бокс. Во иднина се надевам дека некој член од нашиот клуб ќе ја има честа да ја претставува нашата држава Македонија на меѓународниот боксерски ринг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО