Универзалци шампиони на Првата бокс лига – Ас на Младинската лига (ФОТО)

Екипите на Универзалци и Ас за прв пат во својата историја станаа екипни шампиони на Македонија по завршувањето на последното 6.коло од Првата и Младинската бокс лига на Македонија. Унивезалци се прваци во Првата лига, а Ас во Младинската.

Тие денес само ја потврдија предноста што ја има стекнато претходно.

Боксерската федерација на Македонија за најдобарт млад боксер на меѓународен настап го прогласи Петар Арсовски од БК Чаир, освојувач на бронзениот медал на ЕП,  а најдобар боксер за сениори е Алим Насуфи од БК Синди.

Резултати Прва и Младинска бокс лига 6.коло:

Јуниори
-67 кг Ружди Рустемовски (Пелистер 2007) – Енис Алиу (Алексо Огненовски) 0-3

Деца
-48 кг Бирџан Еминов (Фамилија Демирови) – Александар Панов (Пинк пантер тим) 3-0
-54 кг Тодор Тошевски (Ас) – Алтин Јахиу (Хасан бег) 0-2 ТКО Р2

Кадети
-50 кг Еуталип Агушев (Ф. Демирови) – Марко Петрески (Ас) 0-2 дисквал.Р1
-57 кг Лука Трифуновиќ (Илинден) – Адријан Рустемовски (Пелистер 2007) 0-3
+80 кг Тео Тиков (Пинк пантер) – Вилијам Димитриевски (Баргала) 0-2 ТКО Р2

Сениори
-86 кг Жарко Јакимовски (А. Огненовски) – Димитар Симоноски (Универзалци) 1-2
+92 кг Милан Митревски (Универзалци) – Билмин Мулиќ (Фајт клуб 1402) 3-0

Прва лига:
1.Универзалци
2.Пелистер
3.Алексо Огненовски

Младинската лига:
1.Ас
2.Хасан бег
3.Фамимилја Демирови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО