Виктор Димовски (ТАМПЕС) е млад кикбоксер од Велес кој живее во Келн, Греманија, а со своите резултати го сврте вниманитео на германската и на македонската јавност. Димовски на 13 јули стана интернационален шампион во кикбокс.
Лани учествуваше на Светско првенство освои две брозни на ВФМЦ, а на Европското првенство се закити со две злата. На интернационалниот турнир освои прво и два пати второ несто. Има учествувано и на неколку германски првенства и турнири каде има освојувано пехари и медали. На 5 октомври стана четирикратен светски шампион во две технички дисциплини – семи контакт и лајт нтакт во две категории до 47 и до 53 килограми, и тоа на сопствен ризик . На 20 октомври повторно станува светски првак во ВФМЦ/ WMFC федерацијата во дисциплината поинтфајт и го освои светскиот шампионски појас, во категоријата до 50 килограми.
Виктор досега има освоено 8 пехари, 12 медали, 2 појаси и 24 сертификати. Во рок од 1 неполна година . На 15 февруари требе да се бори во фулконтакт на гала натпревар во Келн, под услов да се пријави некој противник.
Димовски е светски првак во четири тежински категории 45, 47 ,50 и 53 килограми на Тајгер и драгон федрацијата.
Од неговиот табор истакнуваат дека неговата амбиција е професионално да се занимава со кикбоксот.
„Во Македонија шест години тренираше карате, шотокан стил во КК Гладијатор, односно се натпреваруваше во борби. Кога дојде во Германија почна да тренира кик бокс. Веќе две години тренира со полна пареа, а една година е активен на турнирите“, вели неговиот татко и менаџер Ѓоре кој и нагласува дека во исто време тренира ММА и мај тај.
Младиот Македонец се има натпреварувано во повќе организации, како во: ВФМЦ, ВКУ, МАА и во неколку други организации.
Сепак, неговите амбиции не застануваат тука, туку се највува обид и за настап во најмоќната светска кик бокс организација Глори.
„Ќе настапува и во Глори. Ќе почне да тренира за подобра подготовка, но во исто време ќе оди во УФЦ џим, како и професионално да вежба бокс и граплинг“, исатканува Ѓоре Димовски.
Ipon.mk