Видео од борбите на Тасевски и Крстевски во Белград

risto i druzinata vo belgrad

Благојче Тасевски и Бојан Крстевски од ММА клубот Игор ММА од Битола учествуваа на Отвореното првенство на Белград во ММА и во своите први настапи забележаа порази под чудни околности, судиска интрига и несреќна повреда на прстот. 

Според  зборовите на нивниот тренер, Ристо Димитров, на Благојче Тасевски му ја судиите земале/украле  победата. Прво сакале екстра рунда, а потоа ја преиначиле.

„Тасевски го скрши од ќотек противникот и не можеше да ја продолжи борбата, но судиите ја заматија работата“, вели Димитров.

Бојан Крстевски ја имал победата во рака, но несреќно ги удрил прстите, при што докторот ја прекинал борбата. Крстевски имал еден скрешен прст и еден напукнат на ногата.

„Двајцата ќе победеа. Одиме понатаму со моите ученици, нема застанување. Горд су на нив, тоа с еидните ѕвезди“, категоричен е Димитров.

На турнирот учествувале борци од Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија и Србија.

Еве ги видеата од борбите, па самите може да видете што се случувало во Белград!

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО