Ветори е во Топ 3 по победата над Холанд

Марвин Ветори се искачи на ранг-листата на УФЦ во средната категорија откако го победи Кевин Холанд со едногласна одлука во главната пресметка на УФЦ на АБЦ 2. Ова беше негова петта последователна победа. Италијанскиот борец од денес е трет во рангирањето на средна категорија бидејќи, Ветори се искачи за три места во споредба со претходното рангирање.

Холанд, пак, веќе не е дел од првите 10. 28-годишниот американски борец падна за две места и сега е број 12.

Едман Шахбазијан, кој не е влезен во октагон од август 2020 година, кога го претрпе првиот пораз во професионалната кариера, губејќи од Дерек Брансон, се искачи за две места и е во топ 10 (10-ти). За еден месец, Американецот со ерменско потекло повторно ќе влезе во кафезот на УФЦ 262, противник ќе му биде Џек Хермансон.

Освен Холанд, пад забележаа и Џаред Канониер, Дерек Брансон и Дарен Тил.

Прв, по шампионот Израел Адесања, останува Роберт Витакер. По него следи Пауло Коста, а трет е Ветори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО