Ветеранот Андерсон Силва килограм полесен од Уријах Хол (ВИДЕО)

Средбата меѓу Бразилецот Андерсон Силва и Јамајканецот Уријах Хол е главната борба на вечерта на УФЦ фајт најт 181 што ќе се одржи вечерва во Лас Вегас.

Бразилскиот ММА борец објави дека ова треба да биде последен меч во неговата кариера, но се чини дека 46-годишниот ветеран се предомисли.

Силва влегува во борбата речиси еден килограм полесен од противникот. Поранешниот шампион во средна категорија тежеше 83,5, а Хол 84,4 кг.

Поранешната ѕвезда на НФЛ, Грег Харди, кој имаше вишок килограми при првото мерење, се бори со Морис Грин, кој има четири победи и три порази во четири настапи за Глори.

Настанот започнува во 21 часот по средноевропско време, а главните борби започнуваат на полноќ.

Програма на УФЦ Фајт најт 181:
(до 84 кг) Уријах Хол – Андерсон Силва
(до 66 кг) Андре Фили – Брајс Мичел
(до 84 кг) Кевин Холанд – Чарли Онтиверос
(над 93 кг) Морис Грин – Грег Харди
(до 70 кг) Боби Грин – Тијаго Моисез

(до 70 кг) Крис Груецемахер – Александар Хернандез
(до 61,5 кг) Адријан Јанез – Виктор Родригез
(до 84 кг) Шон Стрикленд – Џек Маршмен
(до 77 кг) Кол Вилијамс – Џејсон Вит
(до 93 кг) Дастин Џакоби – Астин Ледет
(до 61,5 кг) Мајлс Џонс – Кевин Нативидад

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО