Веројатноста е 99, 99 отсто Ник Дијаз да се бори во 2021 година

Кевин Мубенга, менаџер на Ник Дијаз, верува дека неговиот клиент ќе се врати во кафезот во 2021 година.

37-годишниот ветеран има учинок 26-9-2 во ММА и е во серија од два последователни порази. Ник не се борел од јануари 2015 година, откако загуби од Андерсон Силва. Двајцата паднаа на допинг тестовите и борбата беше прогласена за неважечка.

Дијаз заврши 21 од битките, а беше завршен само два пати. Во последните месеци Ник напорно тренираше и го навестуваше неговото враќање. Во интервју за медиумите, Мубенга рече дека има 99,99 проценти веројатност за борба на Ник во 2021 година.

„Се работи за милиони долари. Ник Дијаз тренираше последните месеци. Тренира веќе четири месеци. Ќе мора да се осигураме дека парите и неговиот противник се точни. Постои веројатност од 99,99999% за Ник да се бори во 2021 година. Тренира и луѓето сакаат да го видат“, изјави Кевин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО