Мек Грегор: Хабиб бега, но нема нема да се скрие

Конор Мек Грегор очигледно ја гледаше прес-конференцијата на Хабиб Нурмагомедов во Москва. Непоразениот шампион изјави дека нема интерес за реванш со „Озлогласениот“. Тие се бореа во 2018 година во Лас Вегас, каде што Хабиб го победи Мек Грегор. Нивната битка стана најпродавана во историјата на организацијата и привлече 2.400.000 платени гледања.

Нурмагомедов се спореди со коњ, а Мек Грегор со магаре и рече дека нема простор за натпревар меѓу нив. Сепак, Хабиб остави врата за реванш, но само доколку понудат 100 милиони долари.

„Посрани панталони. Можете да трчате, но не можете да се скриете. Не плаши се, пријателе“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи, а подоцна го избриша стусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО