Верховен ја одбрани титулата на Глори 22!

Verhoven glori 22

Холанѓанецот Рико Верховен минатата ноќ (петок, 05.06) во францускиот Лил ја одбрани шампионската титулата во тешка категорија на Глори. На главниот настан со едногласна одлука на судиите го совлада Романецот Бенјамин Адегбуји. На турнирот во лесна категорија, кој се одржа истата вечер, по импресивните настапи славеше Стикаи Ситсонгпинонг.

 Иако почна жестоко на почетокот на мечот и неколку пати го погоди актуелниот шампион, Бенјамин Адегбуји, сепак, се покажа дека Холанѓанецот е суверен владетел во Глори. Тој го преживеа првиот удар и успеа да остане на нозед, иако, се чини, дека Романецот малку го разниша. Тоа беше се од Агдебуји. Остатокот од средбата помина во доминација на надмоќниот Верховен, кој беше технички супериорен и заслужено славеше. Адегбуји очајно се обидуваше до крајот на натпреварот да направи пресврт, но Холанѓанецот е премногу искусен и не чекаше да зависи од конечната судиска одлука.

 Турнирот на четиримината во лесна категорија помина во знак на Тајланѓанецот Стикаи Ситсонгпинонг, кој во првото полуфинале го победи поранешниот шампион од Грузија Давид Кирија. Во втората полуфиналето со технички нокаут помина Џош Хуансиј против Џимеа Кулиблаја.

Квалитетот и силата на Ситсонгпинонг се покажа клучни во финалето. Иако Хунасиј беше добар, сепак, Тајланѓанецот беше многу подобар и ја заслужено судусиката победа по три добри рунди во финалниот дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО