Верховен ја брани титулата на Глори против Бен Садек

Додека го чека Бадр Хари, Рико Верховен ќе ја брани титулата на Глори против Џамал Бен Садик.

28-годишниот Холанѓанец шестата одбрана на појасот ќе ја има во декември во Холандија, но организацијата се уште не го објави точниот датум и место на одржување на настанот.

205 сантиметри високиот Џамал Бен Садик го победи Верховен со прекин на 2011 година, а повторно го предизвика шампионот по победата над поранешниот борец на УФЦ, Гут Иносенте во Брисел. Требаше да се борат и порано, но Мароканецот се повреди.

Верховен последен пат загуби во јануари 2015 година во Кина од Ендрју Герасимчук. Во моментов е во серијата од седум победи. Последната ја постигнат во мај на поени против Исмаел Лазар.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО