Фелјао со победа во Шпанија се избори за договор со Белатор (ВИДЕО)

Рафаел Кавалканте (12-7-1 НЦ) се врати во арената на Канарските Острови, за прв пат од февруари 2016 година.

Поранешниот шампион на Страјкфорс во полутешка категорија на овој настан од Светската фајт тура 7: Патот на Белатор граунд и паунд во првата рунда го победи германско-англискиот борец Даниел Конеке (7-11-1) и зибори договор со американската промоција. Тоа му беше првата победа од ноември 2013 година.

37-годишниот Бразилец е единственото ММА борец со победа против Јоел Ромеро кого го наокаутираше во 2011 година.

https://youtu.be/TXS2tNfDZaI

Во 2013 година дебитираше за УФЦ, но во пет борби успеа да го победи само Игор Покрајац. Губеше од Тијаго Силва, Рајан Бадер, Патрик Каминс и Овинс Сент Про.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО