Величенствен пречек на Анамарија Георгиевска (ФОТО/ВИДЕО)

Освојувачката на бронзениот медал на Светското првенство за јуниори во такевондо, Анамарија Георгиевска, на скопскиот аеродром беше пречекана од многу пријатели, клупски другари и родителите на чело со европскиот првак и нејзин брат Дејан Георгиевски.

Анамарија Георгиевска (-59 кг) го освои првиот медал за Македонија на светските првенства воопшто.

Во холот на аерoдрмот се слушнаа ракоплескања и скандирање Македонија Македонија. Имаше и многу емоции.

https://www.facebook.com/darko.kostovski.543/videos/1925118017628116/

Да постетиме дека Анамaрија Светското првенство во Хамамед – Тунис, на патот до полуфиналето забележа три победи против Тока Хасанод Египет 7-5, Гианела Еволо од Аргентина 26-7 и во четвртфиналната борба со 15-6 ја совлда фаворитката од Иран, Махса Киадалири. Во полуфиналето загуби од фаворитката Ју- А Парк од Јужна Корeа со 14-21. Но, со овој пласман таа обезбеди виза за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес во Аргентина ова лето.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО