Ведрана Тунески освои залтен медал на „Тирана опен“

Ведрана Тунески освои залтен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“ од Е2 категoрија

Ведрана златото го освои во кадетска конкуренција до 41 килохграм.

Инаку, Ведрана е репрезентативка и член на ТКД Бутел.

Таа заблежа четири фуриозни победи на најсилно рангираниот младински таеквондо турнир во светското младинско олимписко таеквондо.

Победите се извојувани над Милјана Јовиќиќ од Црна Гора, Аурора Парисела од Италија, Дијаз Гомез од Шпанија и Вирџинија Ламптис од Италија.

„Да потсетиме, Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство. Денеска во Албанија во финалето успеа да ја совлада најдобрата таеквондистка на планетата во нејзината категорија. Подвиг кој мора да остане забележан со внимание“, велат од Македонската таеквондо федерација и нагласуваат:

„Таеквондо клубот Бутел е лабораторија за создавање на релевантен врвен спорт, доаѓаат нови генерации кои ќе го задржат македонското олимписко таеквондо во сјајот на најголемите светски спортски одличја, олимписка норма и олимписки медал“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО