Вечерва Бобан Илиоски се бори за европската титула на ВАКО-ПРО со Љубо Јалови (ФОТО)

Бобан Илиоски синоќа успешно го помина соочувањето со Љубо Јалови од Србија за европската на титула на ВАКО ПРО во К-1 до 81,4 кг во Варна – Бугарија, за која вечерва ќе си ги одмерат силите на Сенши настанот.

Првобитно нашиот кикбоксер требаше да се бори со Бугаринот Јордан  Јанков, но бидејќи беше болен од грип, Јалови влезе како замена.

Исто така  и Мите Ашкилов одлично помина на мерењето и соочувањето со Николај Јоргов во категоријата до 81,4 кг.

Прес-конференцијата помина во присуство на поголем број на медиуми и екипите на сите борци што ќе настапат.

Илиоски беше самоуверен и истакна дека оди на победа, односно освојување на титулата. И Ашкилов најави победа.

БОБАН ИЛИОСКИ
–Од 2013 година е непоразен константен државен шампион во дисциплините К-1 и мај-тај;
–Освојувач на голем број европски и светски првенства под ВАКО организацијата;
–Бронзен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство 2014 година – Римини;
–Сребрен медал на Европското јуниорско ВАКО првенство 2015 година – Сан Себастијан, Шпанија;
–Сребрен медал Б-класа на Светското ИФМА мај-тај првенство 2018 г одина – Канкун, Мексико и
–Бронзен медал на Европското сениорско ВАКО првенство во 2018 година – Словачка.

ЉУБО ЈАЛОВИ
-Аматерски скор 91 победа и 29 порази;
-Професионален скор 24-9;
-Мултипле натицонален шампион;
-Сребрен медал Светското првенство на ВАКО во 2011 година;
-Златен на СП во 2013;
-Бронзи на Европските првенства во 2014 и 2016 година;
-Светски првенства 2015 и 2017 бронзи;
-Финалист на Татнефт купот 2018.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО