Вечерва Бобан Илиоски против Али ел Амери од Мароко на СЕНШИ во Варна

Вечерва Бобан Илиоски се бори со Али ел Амери од Мароко на 16.настан на Сенши во Варна, Бугарија, во категоријата до 85 килограми по правилата на КВУ фул контакт.

Илиоски првично тербаше да се бори против доста квалитетен борец, Едвард Алексијан, а оваа борба од страна на организаторите беше најваувана како една од главните на Сенши, но бугарскиот кикбоксер ја откажа.

„Првиот борец Едуард Алексијан од Бугарија, со кого требаше да се бори за европската титула, ја откажа борбата поради повреда. Вториот борец што му го доделија од Сенши, Џузепе Ди Доменико од Италија, исто така откажа. И, сега ќе се бори со Али ел Амери од Мароко“, изјави неговиот тренер Дејан Митровски-Урко  и додаде:

„Бобан е посготвен и оди на победа“.

Илиоски вчера ги помина контролното и официјалното мерење. Синоќа имаа заеднички тренинг со сите борци учесници. Вечерва борбите почнуваат од 18 часот по буграско време, односно 19 часот по македонско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО