ВБЦ нареди Поветкин да се бори со Стиворн, а победникот со Вајлдер

Povetkin muskuli

Светскиот боксерски совет (WBC/ВБЦ) му нареди на Алексанадар Поветкин да се сретне со поранешниот светски шампион Бирмејн Стиворн за привремената титула во тешка категорија на Советот.

Според планот, Русинот мораше да се сретне со светскиот шампион Дионтеј Вајлдер за титулата на ВБЦ во Москва, но проблемите со допинг тестовите доведе и до пропаѓање на средбата.

Неодамна Дионтеј Вајлдер ја оперираше раката, а од ВБЦ наредија на 36-годишниот Поветкин да се сретне со Бирмејн Стиворн.

Рокот на преговорите за средбата е до 16 септември, по што ќе се премине на наддавање од страна на промоторот.

Победникот од овој меч за титулата ќе мора да се бори со Вајлдер.

Тоа значи дека Бирмејн Стиворн отпаѓа и од листата на потенцијални противници на светскиот шампион Ентои Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО