Сребрен медал за Тијана Богдановиќ во таеквондо

Tijana Bogdanovik pob

Српскaтa теквондиска, Тијана Богдановиќ, беше поразена во финалето на категоријата до 49 килограми од Кореанката Ким Соху 7- 6 на Олимписките игри во Рио и го освои сребрениот медал. Одбиена е жалбата на српскиот тренер Драган Јовиќ.

Ова е втор медал за Србија на Олимписките игри во Рио, откако првиот го освои Давор Штефанек во борење.

Ким го реши мечот во втората рунда, кога успешно ја удри Богдановиќ во главата и освои три поени за водство од 5-1.

Српската репрезентативка успеа во третата рунда на два пати да ј фрли Корејката на подот и дојде до 6-7, за во последните секунди повторно ја фрли на подот својата ривалка. Судиите проценија дека времето истекло, а српскиот селектор Драган Јовиќ поднесе жалба, која беше отфрлена по прегледувањето на снимката.

tijana na piedestal oI

Претходно Богдановиќ во полуфиналето ја победи 26-годишната Мексиканка Адилен Исел Мањарез со 10-0.

Таа на почетокот на натпреварувањето ги совлада Патимат Абакаров од Азербејџан 3-2, а во четвртфиналето ја собори двократаната последователна олимписка шампионка Ву Жингју од Кинески со 17-7.

ВИДЕО од борбата.

„Таа падна во последната секунда при поен повеќе, и тренерот и мислевме дека треба да добие уште една опомена. Тоа ќе го внесеше мечот во злтен бод. Неизвесно е како ќе се завршеше мечот, но јас сум многу разочарана од судиите што тоа на едно вака големо натпреварување не го видеа“, рече по борбата Тијана и додаде:

„Не очекував дека ќе биде вака, поради одлуката на судијата. Очекував медал, многу трениравме за да дојдеме до ова, многу сум разочарана. Сепак, имам само 18 години, среќна сум што дојдов на Игрите и го освои сребрениот медал, ја победив свтетската шампионка. Горда сум на себе, штабот, тренерот, фитнес тренерот, физиотерапевтот. И благодарам на пријателите, семејството. Медалот и го посветувам на сите што беа со мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО