ВБЦ нареди меч меѓу Тајсон Фјури и Дилиен Вајт за предизвикувач на Вајлдер

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) – Маурицио Сулејман наредил одржување на средба меѓу Британците Тајсон Фјури (27-0-1) и Дилиен Вајт (25-1-0) за определување на следниот главен предизвикувач за светската титула, која е во сопственост на Дионтеј Вајлдер.

Овој потег сигурно изненади многу луѓе, бидејќи и двајцата главни протагонисти имаат претстојни средби. Фјури ќе се бори против Германецот Том Шварц на 15 јуни во Лас Вегас, а 31-годишниот Вајт ќе ги одмери силите со Колумбиецот Оскар Ривас на 20 јули во Лондон.

Од штабот на Вајт веднаш одговориле негативно на „поканата“, барајќи токму дуелот со Ривас да го утврди следниот предизвикувач за зелено-жолтиот појас. Роден во Јамајка, Британецот е претендетн број 1 за титулата на Вајлдер од крајот на 2017 година, но поради една или друга причина и не успева да договори меч со „Бронзениот бомбардер“.

Фјуир кон крајот на минатата година се бореше против Дионтеј. Средбата заврши со доста контроверзен резултат – без победник, а токму кога преговорите за реваншот беа при крај, Тајсон потпиша договор со ЕСПН и го одложи на неодредено време вториот дуел.

Вајлдер ќе ја брани титулата по 9 дена против сонародникот Доминик Бризил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON