Олимписка шампионка се закани дека ќе го победи Хабиб Нурмагомедов (ВИДЕО)

Двократната олимписка златна медалитска во џуод, Кајла Харисон, верува дека може да го порази шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хибиб Нурмагомедов.

Американката изјави за ТМЗ дека е 100 отсто сигурна дека во џудо ќе го победи Орелот. Повеќекратниот панамерикански и светски шампион во џудо минатата година дебитираше во ММА и успеа да победи првите три борби. Харисон (28) оваа недела ќе се соочи со Лариса Пачеко на ПФЛ 12 во Њујорк и е уверена во тоа.

„Може ли да го победам Хабиб? Мислам дека 100 проценти ќе го победам ако имаме џудо средба. Да, ќе успеам да го победам Хабиб. Треба да се има и среќа да се освои злато на Олимписките игри, но за го напрвиш два пати се бара многу повеќе од тоа. Статистички, тоа не требаше да се случи и тоа двапати. Сето тоа се случи затоа што имав вистински луѓе и успеав да се претставам добро во вистинскиот момент. Наскоро велгувам во кафезот и време е да изрстам. Секоја битка е важна за мене“, рече Харисон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО