ВБЦ му нареди на Џошуа да боксира со победникот од Вајлдер-Фјури

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурисио Сулејман му „нареди“ Ентони Џошуа да боксира со победникот од мечот меѓу Тајсон Фјури (27-0, 19 КО) и Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО). Претходно британскиот шампион Џошуа не успеа да се договори со ВБЦ шампионот Вајлдер.

Победникот од Вајлдер-Фјури на 1 декември во Лос Анџелес ќе треба да има задолжителна одбрана на титулата во тешка категорија на Светскиот боксерски совет против Доминик Бризил (19-1, 17 КО).

Токму Бризил беше потврден како официјален кандидат за појасот од претседателот на ВБЦ Маурисио Сулејман. Во соопштението на Советот пак се нагласува дека ќе биде преразгледана и желбата на Луис Ортиз – носителот на така нарачениот „сребрен појас“ – да стане официјален предизвикувач.

Единствениот начин Вајлдер или Фјури да го избегнат Бризий како нареден противник е да се договорат мегасредба за обединување на сите четири светски титули со Ентони Џошуа. Таква опција има за април, но тоа пак би се сопнало со намерата на Вајлдер и Фјури да направат инстант реванш.

Џошуа последен пат во рингот беше  на 22 септември, кога го нокаутира Александар Поветкин, а го има резервирано стадионот Вембли за 13 април 2019-та. Вајлдер пак последната задолжителна одбрана на титулата ја имаше во ноември 2017-тата, кога го сопре Бирмејн Стиворн уште во првата рунда, а истата вечер Бризил го победи Ерик Молина и тоа му е последниот дуел до овој моментов. Единствениот пораз на Бризил е од Џошуа – нокаут во осмата рунда, летото во 2016-та, а оттогаш има две победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО