ВБЦ измисли нов појас: Канело е првак на „франшиза“

За да внесе уште поголема забуна во врска со ситуацијата со титулите светски првак, Светскиот боксерски совет (ВБЦ) измисли нова титула.

Сол Алварез веќе не е ВБЦ шампион во средна категорија, туку стана шампион на франшизата.

Со овој потег привремениот шампион Џермал Шарло е протуркан во полноправен шампион.

Шарло овој викенд во Тексас боксира со Брендон Адамс.

„Првакот на франшизата е посебен статус кој може ВБЦ да му го додели на актуелниот ВБЦ шампион, кој,покрај тоа, е елитен боксер и ги постигнал најголемите остварувања во овој спорт. Во секоја категорија може да биде еден ВБЦ шампион на франшизата. Тој ќе уживаат посебен статус во врска со задолжителните предизвикувачи, поседување на повеќе титули и борби за насловите на други организации“, се вели во соопштението на ВБЦ.

Ова е уште една во низата измислени титули на големите боксерски федерации во последно време.

ВБА, која е пособено позната во овој поглед, верувале или не, во тешка категорија го има „супер“ шампионот Енди Руиз, „регуларниот“ првак Мануел Чар, привремениот шампион Тревор Брајан и „Златниот“ шампион Џо Џојс.

ВБО неодамна го воведи и појасот за Глобален првак кој го држи Даниел Дубоа.

ИБФ е единствената од четирите големи федерации кои имаат по еден шампион по категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО