ВБО нареди – Усик против Џојс за привремената титула! Еве како влијае тоа на спектаклот Џошуа-Фјури

Светската боксерска организација (ВБО) им нареди на Александар Усик и Џо Џојс да се борат за привремениот појас во тешка категорија! Веста ја пренесоа неколку британски и американски портали, повикувајќи се на информациите кои ги потврдил славниот промотор на боксот Еди Херн.

Што значи ова за најголемиот меч денешницата?

Организирање на меч за привремената титула на ВБО значи дека е прескокната големата пречка што му пречеше на најголемиот боксерски двобој на денешницата – онаа во која треба да ги гледаме светските шампиони во тешка категорија Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Усик е задолжителен предизвикувач на ВБО веќе подолго време, но се чини дека е донесена одлука дека ќе мора привремено да се повлече и да дозволи борба што ќе ни донесе апсолутен светски шампион.

Џошуа ќе ги однесе своите титули ИБФ, ВБА и ВБО во битка со Фјури, ако тоа навистина се случи, додека „Кралот на Ромите“ ќе го заложи појасот на ВБЦ. Затоа, победникот ќе стане сопственик на сите престижни титули во тешка категорија, но претпоставката е дека тој ќе може да ужива во овој статус за кратко време, бидејќи, како што пишува BoxingNews24, појасот на WBO наскоро ќе биде ослободен, односно поуспешниот од Усик и Џојс ќе стане „вистински“ шампион.

Треба да се спомене дека борбата меѓу Фјури и Џошуа сè уште не е официјално потврдена, но наводно преговорите за тој меч се при крај.

Но, да не заборавиме, сепак, еден проблем е и Дионтеј Вајлдер, кој преку своите претставници се обидува легално да го добие третиот меч со Фјури.

„Ќе се обидеме да направиме се што можеме. Имаме договор, па дури и да го немаме, му дадовме два можности на Фјури и тој заработи повеќе пари од кога било досега. Дионтеј беше многу љубезен кон него додека минуваше низ менталните проблеми. Заборавивте на сè, морално е да му ја дадете таа можност “, рече менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел, која разговараше на оваа тема во интервју за Спортс илустрјетид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО