Тајсон Фјури има на располагање 10 дена за да прецизира точно каква е неговата здравствена состојба или ќе треба да се откаже од појасот на ВБО. „Кралот на Циганите“ мораше да ги брани светските титули (заедно со ВБА и ИБО) на 29 октомври против Владимир Кличко, но изненадувачки, повторно, мечот, беше откажан.
Како причина за откажување на средбата беа наведени здравстевни проблеми, но не беше јасно наведено кои се тие. Според чичкото и тренер на шампионот, Питер Фјури, станува збор за тешка депресија.
„Ќе ви бидеме благодарни ако вашите доктори утврдат на што се жали и во каква состојба е, а и да се направи прогноза кога ќе се врати на тренинг процесот и натпреварите. Ако не добиеме целосни информации за 10 дена, Комитетот ќе биде принуден да простапи спрема ситуацијата, без да ви даде право на жалба“, се вели во писмото до Фјури.