ВБЦ подготви специјален појас за победникот од борбата Фјури-Нгану

Светскиот боксерски совет ќе ги постави правилата за боксерското деби на Френсис Нгану против шампионот на организацијата во тешка категорија, Тајсон Фјури. Но, за галата во Ријад да биде многу поспецијална ВБЦ направи специјален шампионски појас за победникот од мечот.

Појасот е наречен „Шампион на Ријад“ во чест на домаќините од Саудиска Арабија.

Љубопитна точка околу мечот е фактот што Фјури нема да го заложи шампионскиот појас, бидејќи Нгану не беше рангиран од ВБЦ за мечот поради неговиот недостаток на професионално искуство во боксерскиот ринг. Сепак, евентуалниот пораз на „Џипси Кинг“ би му ја уништила репутацијата и легитимноста на круната би испарила за миг.

Потсетуваме дека Тајсон Фјури и Френсис Нгану ќе се борат на 28 октомври, а почетокот на гала вечерта е планиран за 20 часот по македонско време. Така се очекува нивната средба да започне околу полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО