ВБА си го исполни ветувањето и го намали бројот на титулите

Светската боксерска асоцијација (ВБА) ги направи првите сериозни чекори во своето ветување дека ќе го намали бројот на светски титули дадени од раководното тело.

Пред две недели, претседателот на ВБА, Жилберто Мендоза рече дека организацијата ќе ги намали светските шампиони од четири на три. Така, од вчера веќе нема да има привремен / среден шампион на Светската боксерска асоцијација.

Ова значи дека остануваат „единствените“ појаси на „Супер“ шампион, светски првак и „Златен“ шампион.

Ова значи дека сите поранешни средни шампиони на организацијата повеќе нема да ги бранат појасите. Шампионскиот комитет на ВБА ќе одлучи кој од поранешните шампиони заслужува да стане предизвикувач број еден на светскиот шампион и кој од нив ќе учествува во елиминациските битки за оваа чест.

Организацијата, исто така, објави дека нема намера да ги промени другите три титули. Златниот појас ќе игра улога на регионална титула. Сите боксери со таков појас повеќе нема да се сметаат за претенденти на „Супер“ и светски шампион, туку ќе се пласираат во Топ 15.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО