ВБА нема да ја одобри средбата Головкин-Брук за светската титула

golovkin-brook plakat

За прв пат по освојувањето на титулата привремен шампион на ВБА во средна категорија од 2010 година, Генадиј Головкин ќе влезат во рингот и нема да го брани појасот.

Светската боксерска асоцијација (ВБА) ја отфрли неговата следна борба на 10 септември против Кел Брук, непоразениот велтераш кој се подига за две категории, да ја прифати како меч за титулата.

„Одборот за борбата за титулата и претседателството не се согласија да ја одобрат оваа борба како средба за титулата, бидејќи Брук никогаш не се борел во средна категорија”, рече претседателот на ВБА, Жилберто Хесус Мендоза.

„Целта на оваа организација е да се обиде да ги зачува интегритетот и здравјето на борците. Конкретно, не се противам на оваа борба“.

Сепак, комитетот на ВБА му дозволи на Казахстанецот да се го доработи мечот без страв дека ќе му биде одземен појасот, но со јасно образложение дека таа борба не се смета како одбрана на ВБА титулата.

Одлучувачки фактор беше низата на Головкин од 22 победи со нокаут и фактот дека треба да се бори со велтераш. Додуша, на мерењето на 30 дена пред борбата Британецот беше 4,5 килограми потежок од Головкин и на неодамнешните снимки изгледаше како среднаш.

„Она за кое најмногу жалам е тоа што не постојат боксери на 72,6 килограми кои сакаат да се борат со „Трипл Г“, а Брук се подигна за две категории, за да се бори со него“, истакна претседателот ВБА.

Привремената титула во ВБА во средна категорија Головкин ја освои со нокаут против Милтон Нунез 2010 година. Потоа беше промовиран во „регуларен“, па и супер шампион откако на Даниел Жело му беше одземен појасот, а Феликс Штурм не сакаше да се бори со него.

ВБА одлучи и дека Головкин ќе мора да се сретне со „редовни“ ВБА шампион, Даниел Џејкобс. 29-годишниот Американец прво во реваншот на ден пред борбата на Головкин, ќе мора да го победи Сергеј Мор. Џејкобс во првата борба минатото лето го совлда со прекин во втората рунда

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО