Васо Бакочевиќ дебитира за Белатор против поранешен шампион

Васо Бакочевиќ (33-17-1) ќе дебитира за Белотор на 14 јули во Рим.

28-годишниот Црногорец во дебито за американската организација ќе се бори против поранешниот шампион во велтер категорија Андреј Корешков (20-2).

27-годишниот Русин два пати се бореше за појасот на Белатор. Во 2013 година изгуби со технички нокаут од Бен Штајн, а во 2015 година стана шампион со победата против Даглас Лима. Ја одбрани титулата против Бенсон Хендерсон, а ја загуби од Лима.

Во последната борба минатиот август во првата рунда го нокаутира Чиди Њукани. Во Белатор е 12-2.

Бакочевиќ во Белотор доаѓа со седум последователни победи.

На настанот во Рим правкот во перолесна категорија Патрицио Фреире ја брани титулата против Германецот Даниел Вајхел. Алесио Сакара се бори со Џејми Слоан.

https://youtu.be/AEE2rAhpmp4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО