Вардар се опремува и се надева на медал од Олимписките игри во Токио (ФОТО)

Борачкиот клуб Вардар се опреми пред почеткот на сезоната со опрема, како со тренерки, дуксери, но и справи за вежабење. Претходно опремија сала во населбата Бутел која можат да ја користат 24 часа.

„Ни фалат уште некои работи кои во наредниот период ќе ги надполниме. На нашите борачи и тренери им обезбедивме услови за континуиран напредок. Се надеваме дека и резултатите набрзо ќе стигнат и ќе и бидеме конкуренти на тројката Лирија, Балканец и Бучим“, велат од Вардар.

Очекувањата на клубот се големи, бидејќи Могамедгаџи Нуров обезбеди олимписка норма, така што може да ја израдува македонската јавност со медал од Токио, како на Светското првенство когаја освои бронзата и ја завери визата за Олимписките игри.

Ипон.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО