Вардар продолжува да ги наградува борачите, Милан Трендов освои злато во Радовиш

БК Вардар продолжува да ги наградува борачите кои остваруваат успеси на македонските првенства. Овој  пат беа наградени учесниците  на Изборното првенство за У-17 што се одржа изминатиов викенд во Радовиш.

Милан Трендов освои златен медал во категоријата до 65 килограми, а со тоа и награда од 100 евра.

Инаку, Милан е син на Благој Трендов, поранешен борач на Спартак, кој живее и работи во Греманија.

Рубен Модосјан се закити со сребро во категоријата до 80 кг и заработи 50 евра. Тој е син на Гари Модосјан кој беше дел од славната генерација на БК Бучим, кога стаана европски и светски клупски прваци.

Бранислав Поповиќ (-51 кг) освои бронза и награда од 20 евра. Бранислав е надежен борач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО