Квинтон Џексон: Го нокаутирав татко ми, затоа што беше алкохоличар!

Квинтон „Рампеjџ“ Џексон сподели интересна приказна од младоста.

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија го нокаутирал татко му, кој бил алкохоличар. 44-годишниот Американец во кариерата забележа 38 победи и 14 порази. Последен пат беше нокаутиран од Федор Емелијаненко за 2 минути и 44 секунди во 2019 година во Јапонија.

Тоа беше последната борба од договорот на Џексон со Белатор, кој избра да не му понуди нов договор. Квинтон планира да направи уште неколку борби во ММА или бокс. Првиот човек што Џексон го нокаутирал е неговиот татко.

„Не би удрил шамар на жена како Дана Вајт на неговата сопруга. Претпочитам да и го фрлам пијалокот во лице, не можам да и удрим шамар затоа што луѓето велат дека сум тежок.

Веројатно ќе нокаутирам некоја кучка, ако и удрам шлаканица. Мојот син има 22 години, тој е борач, понекогаш може да му удрам шамар, но тој може да ми врати. Може и да се караме дома.

Мојот син е алфа, јас сум алфа. Кога имаше 20 години, имавме вистинска борба. Силно ме удри. Го натерав да направи нешто, не сакаше, па се скаравме.

Имам ќерка и три сина. Отсекогаш знаев дека овој син ќе ме тестира. Знам за што зборувам, затоа што првата личност во животот што ја нокаутив беше мојот татко. Тогаш имав околу 20 години, или 21-22, веднаш по завршувањето на факултетот.

Татко ми во тоа време беше алкохоличар. Тогаш работев во градежништво кај вујко ми. Татко ми дојде на градилиштето и ми го зеде камионот додека работев. Морав да го чекам на топло 2 часа за да се врати.

Тогаш немаше паметни телефони за повикување. И тогаш пристигнува, пијан. Имав кацига, а тој се обиде да ме удри со неа. Ја отворив вратата и се обидов да го извлечам од кабината.

Жал ми е за овој чин. Кога го фатив, ме фати за врат и почна да ме гуши. И, го удрив. Го нокаутирав со еден удар. Тој се онесвести и почнав да го будам.

Фала му на Бога, навреме го разбудив, бидејќи по некое време полицајците поминаа покрај нас. Се разбуди и врескаше: „Што направи?! Што му направи на татко ти?!“, реков: „Тато, те нокаутирав“.

Сакав тој шупак да знае дека го нокаутирав. Немаше задоволство во тоа. Но, набргу после таа ситуација престана да пие, го нашол Бог, ја нашол религијата.

Сакам да мислам дека оваа ситуација беше дел од неговото исцелување“, изјави Џексон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Quinton Jackson (@rampage4real)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО