Вардар го повлекува потписот на Николовски за постапката против Глигоров

Боречкиот клуб Вардар упати изветсување до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и нејзините тела (УО и ДК) дека го повлекува потписот на Вардар, а кој е во врска со покренувањето на дисциплинска против д-р Страшо Глигоров.

Во образложението се вели дека воопшто не постојат докази за наводно сторен прекршок од страна на Глигоров, односно во ниту еден дел не е наведено со кои дејствија, кога и на кој начин го извршил прекршокот за кој што е покрената дисциплинската постапка.

Потоа се наведува дека потписот своерачно го ставил поранешниот нелегитимен претседател на клубот Чедо Николовски, за кого повеле кривична и дисциплинска постапка.

Инаку, Вардар денеска одржува Собрание, а една од точите е Предлог измени и доплонувања на Статутот.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО