БорењеДомашна сцена

Вардар ги прогласи најуспешните борачи за 2025 година

Боречкиот клуб Вардар ги прогласи најуспешните борачи за 2025 година.

Во сениори тоа се:

Ахмад Магомедов – државен првак, бронза на рејтинг-турнирот на УВВ, финалист на „Медвед” во Белорусија, шампион на „Малта опен”, победник на „Бојан Рангелов и Насе Насев”.

Магомедгадџи Нуров – државен првак, бронза на УВВ, учесник на Европско и Светско првенство.

Земри Авдили – сребрен медал на Државно првенство, победник на „Президент купот” и „Малта Опен”.

У23:

Кирил Малчев – државен првак, победник на „Президент куп“, првак на „Бојан Рангелов и Насе Насев“, победник на „Малта опен” и „Победник”.

Марко Андонов – државен првак, победник на „Бојан Рангелов и Насе Насев“.

Адам Модосјан – државен првак, учесник на серуски турнири.

Стефан Зашков – државен првак, победник на „Бојан Рангелов & Насе Насев“, победник на Малта опен, злато на Президент куп.

У20:

Реџеп Таири – државен првак, победник на „Бојан Рангелов и Насе Насев“, злато на „Метеора куп“, „Президент куп“ и „Малта опен“, бронза на „Победник”.

Александар Марковски – државен првак У20 и У23, трет за сениори, победник на Президент куп, втор на „Метеора куп”.

Рубен Модосјан – државен првак.

У17:

Бранислав Поповиќ – државен првак, втор на „Победник”, бронза на „В и Г Илиеви”.

Марко Топузовски – државен првак, бронза на „В и Г Илиеви”.

Грчко-римски стил:

Милан Трендов – државен првак, учесник на меѓународни турнири, стандарден во германската Бундес лига.

Кај дамите: Леа Стојковска, Анастасија Трајчева, Емилија Илијевска, Нова Усеинова

Најмалите: Јована Нисева, Вероника Зафирова, Софија Коштанова, Иле Папазов

Вардар изразува особена чест и благодарност до тренерите: Штерјо Митров, Гордан Николов и д-р проф. Страшо Глигоров.

За сите освоени титули во Македонија и успешното претставување на клубот и државата на меѓународен план, секој од нив доби ваучер од 3.000 евра.

„Браво за сите наши спортисти и тренери! Вие сте гордост на БК Вардар и на цела Македонија“, велат од клубот!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON