АктуелноБорењеДомашна сцена
Вардар 1961 со двајца борачи во репрезентацијата на Балканското првенство во Романија

На Балканското првенство во борење во Клуж, Романија, Вардар 1961 ќе го претставуваат двајца борачи: Матеј Трајковски до 62 килограми во У-15 и Неда Урошевска до 50 кг во У-15.
Во Вардар 1961 се надеваат на добар настап на нивните претставници и се надеваат дека може да се замешаат во борба за медал.
На Неда Урошевска ова и е прво големо натпреваривање.

„Со ова, Вардар 1961 ја потврдува својата одлична и организирана работа во клубот, што е показател дека црвено-црните од Бутел се константно на големи натпреварувања, европски, светски и балкански првенства, претежно со помлади возрасти, кои се иднината на македонското борење. Нина Савевска не патува на Балканското првенство поради повреда“, велат од клубот..




