Ван Зант објави две видеа „зад сцената“ од снимањето за Спортс илустрејтид (ВИДЕО)

Ѕвезда на УФЦ, Пејџ ван Зант, го поминува времето во Мексико, каде што снимаат за најновото издание на „Спортс илустрејтид“ Свимсјуит изданието.

Првично се сметаше дека отишла со својот сопруг на одмор, откако стана јасно дека поради новата повреда не може да настапи на УФЦ 236, но многу брзо ги откри вистинските причини за патувањето во Мексико.

Овие денови на својот Инстаграм објави краток „преглед“ на она што следува во Спортс илустрејтид. Во првото крато видео „зад сцената“, таа лежи на плажа и се мести според упатствата на фотографот. Во второто е многу слична ситуацијата, освен што стои, а не лежи.

Во последниот меч во јануари убавата воинка ја совлада Рејчел Остович. Требаше да настапи на УФЦ 236, но повторно ја скрши раката, заради која беше една година надвор од окатгонот. Не е познато кога треба да се врати во спортска акција.

Ван Зант со ова снимање и се приклучува на Ронда Русеј, која е единствената УФЦ воинка прикажан во ова познато издание. Но, тоа и не чуди, бидејќи „12 Gauge“ е навикната на успех вон октагонот. Претходно учествуваше во американската верзија на „Танц со ѕвездите“, а неодамна објави и автобиографија на „Rise: Surviving the Fight of My Life“.

https://www.instagram.com/p/BuuS02wgufK/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/Buwhm26A4Em/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON